23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Бугарија под нивото на ЕУ

Невработеноста во Бугарија под нивото на ЕУ

jobs377

Стапката на невработеност во Бугарија е намалена за нешто повеќе од седум отсто и по првпат е помала од просекот во Европската унија (ЕУ).

Бугарскиот министер за труд и социјална политика Зорница Русинова соопшти дека стапката на невработеност меѓу младите и натаму е многу висока и изнесува 13 отсто, но дека е помала за три отсто во однос на истиот период лани.

Таа наведе дека усвоените измени на Законот за поттикнување на вработувањето ги обврзало началниците на окрузите и работодавците на секои шест месеци да информираат за потребите за работна сила, што ќе влијае на насочување на инвестициите за обука на кадри.

„Од следната година Министерството ќе ја стимулира таканаречената географска мобилност, односно во рок од една година ќе исплаќа до 100 евра надоместок за сите кои нашле работа во други региони, оддалечени повеќе од 50 километри од местото на престој“, додаде Русинова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП