ЕКОНОМИЈА

Невработеноста во Словенија на најниско ниво од 2010 година

slovenijaplataluge1

Стапката на невработеност во Словенија падна во мај на 11,1 отсто, што е најниското ниво од крајот на 2010 година.

Во однос на април, стапката на невработеност паднала за 0,4 процентни поени, а во однос на мај минатата година за 1,2 процентни поени.

Бројот на вработени во мај на месечно ниво порасна 0,5 отсто, на преку 817,6 илјади.

Најголем раст во вработувањето е забележан во секторите мебел и исхрана, 1,8 отсто, на преку 34,1 илјада.

Бројот на самовработени лица во мај паднал 0,1 отсто во однос на април на 87 илјади.