13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне 15-минутен прекин на сообраќајот кај Пресека

Попладне 15-минутен прекин на сообраќајот кај Пресека

vrbjani

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани, по суви коловози. На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани) поради изведување работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 13:00 ч – 15:00ч.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП