19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенерацијата Y e првата која ќе заработи помалку од своите претходници

Генерацијата Y e првата која ќе заработи помалку од своите претходници

генерација-у

Генерацијата Y е на патот да стане првата генерација којашто ќе има помала заработка во својот работен век од своите претходници, покажа рецентното истражување спроведено од фондацијата Resolution Foundation.

Истражувањето покажало дека лицата помлади од 35 години во своите дваесетти години заработиле 8.000 британски фунти помалку отколку работниците од генерацијата X. За генерацијата Y често се користи и терминот „Millenials“, бидејќи на пазарот на трудот се појавува набрзо по преминот во новиот милениум.

Доколку нивните плати го следат истиот графикон на растот како во случајот на претходната генерација X, нивните просечни примања во текот на работниот век би требало да изнесуваат 825.000 фунти. Меѓутоа, тоа би значело дека ќе бидат првата генерација којашто ќе има примања помали во текот на својот работен век од своите претходници.

Дури и доколку платите на припадниците на генерацијата Y бележат интензивен напредок, како кај оние на „бејби бумерите“, родени во текот на првите неколку децении по Втората светска војна, нивните примања во текот на работниот век би изнесувале околу 890.000 фунти, пресметале експертите на фондацијата Resolution Foundation.

А таа сума би била само 7 отсто поголема од онаа на припадниците на генерацијата X, односно родените меѓу 1966 и 1980 година, а би претставувало само третина од напредувањето во платите коа генерацијата X би требало да ја ужива во однос на припадниците на ткн „бејби бум“ генерацијата, односно родените од 1946 до 1964 година.

Од Resolution Foundation, исто така, предупредуваат дека рецесијата во економијата во периодот по излегувањето на Велика Британија од Европската унија би можела уште повеќе да ги намали доходите на генерацијата Y.

Истражувањето на фондацијата покажало дека меѓу причините за намалувањето на доходите би можело да биде и тоа што денес лицата помлади од 35 години на пазарот на трудот влегле во времето на светската рецесија. Но, исто така, се заклучува дека генерацискиот напредок во платите е запрен уште пред избувнувањето на глобалната финансиска криза од 2007/2008 година.

Торстен Бел, директор на Resolution Foundation, вели „Земавме здраво за готово дека на секоја следна генерација ќе ѝ оди значително подобро отколку на претходната, деkа повеќе ќе заработува и ќе ужива во повисок животен стандард. Постои, меѓутоа, ризик дека таквиот пристап ќе се покаже како самодопадлив, имајќи ја предвид реалноста последните години и изгледите за иднината“.

Истражувачкиот институт, исто така, утврдил дека припадниците на генерацијата Y за наем за станбените потреби ќе потрошат 44.000 фунти повеќе до времето кога ќе навршуваат 30 години, во споредба со припадниците на „бејби бум“ генерацијата, а 25.000 фунти повеќе отколку на генерацијата X,

Дополнителните издатоци за наем го намалиле животниот стандард на младите и им го отежнале штедењето за депозити кои би им овозможиле купување кучи, заклучуваат авторите на истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП