20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина воведе антидампинг давачки на увоз на челик

Кина воведе антидампинг давачки на увоз на челик

chelik

Кина воведе антидампинг давачки на увоз на челик од Европската унија(ЕУ), Јужна Кореја и Јапонија, соопшти во недела кинеското Министерство за трговија.

На интернет страницата на Министерството е објавено дека на увозот на електричен челик со ориентирана структура ќе се плаќа царина од 37,3 до 46,3 отсто.

Ваквиот тип на челик се користи за производство на големи генератори и електрични трансформатори.

Кина почна да наплаќа нови такси во сабота и ќе продолжи тоа да го прави и во следните пет години.

Новите мерки се воведени заради ‘големата штета’ што ја претрпе кинеската економија заради несоодветните ниски цени на увозниот челик.

Пекинг со месеци се наоѓа на мета на критиките од САД и ЕУ заради извозот на челик по неконкурентни цени, што може да загрози илјадници работни места.

Западни функционери ја критикуваа Кина повеќе пати заради масовното производство на челик и соборувањето на неговата цена на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП