9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија би можела да спроведе независен план за економско закрепнување

Британија би можела да спроведе независен план за економско закрепнување

бри-мин

Велика Британија би можела да покрене самостоен план за економско закрепнување за да го ублажи негативното дејство врз економијата на одлуката земјата да излезе од Европската унија(ЕУ), рече во недела новиот британски министер за финансии Филип Хамонд.

Тој додаде дека одредена доза на неизвесност ќе трае до крајот на преговорите меѓу Лондон и ЕУ за излегувањето на Британија од тој блок.

„Имаме опција буџетски да одговориме, што ќе го правиме според сопствена програма“, рече Хамонд во Ченгду во Кина, каде што денеска заврши состанокот на министри за финансии и шефовите на централните банки Г20, групата на развиени земји во светот.

Неговите најави за можен буџетски поттик се дадени по разните алармантни соопштенија на финансиските институции и групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП