19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПотпишана Спогодба за соработка меѓу Агенцијата за филм и Giffoni Experience

Потпишана Спогодба за соработка меѓу Агенцијата за филм и Giffoni Experience

xifo

Нова тригодишна Спогодба за соработка потпишаа во сабота директорката на Агенција за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска и генералниот директор на Giffoni Experience, Клаудио Губитози, во рамките на овогодинешното издание на фестивалот за млади Giffoni Film Festival.

Потпишувањето на оваа Спогодба е од исклучително значење за промоција на филмската продукција, создавање на мрежа за слободна циркулација на филмови наменети за млада публика во насока на развој и унапредување на филмската култура како и продлабочување на и до сега плодната културна соработка меѓу Република Македонија и Република Италија.

По повод потпишувањето на Спогодбата директорката на Агенцијата за филм, Мими Ѓоргоска Илиевска беше гостинка во отворената програма на регионалнта италијанска телевизија, каде говореше за Џифони Македонија, воспоставената соработка и партнерството со “Giffoni Experience”, како и за реализираните и идните проекти наменети за младите кои ќе произлезат од оваа взаемна соработка.

Во рамките на фестивалот воедно беше организирана и вечер посветена на Република Македонија, односно Агенцијата за филм со соодветен промотивен материјал ја претстави македонската кинематографија и можностите кои ги нуди Македонија како дестинација за снимање. Присутните гости имаа можност да дегустираат традиционални македонски производи и македонски вина. Специјалната вечер посветена на Република Македонија беше организирана во манастирскиот комплекс во Џифони кој датира од 13 век.

Инаку, осум млади од Република Македонија и оваа година беа дел од жирито на фестивалот и имаа можност да учествуваат и да бидат дел од богатите програмски активности на фестивалот, да погледнат многу филмови и да уживаат во неверојатното Џифони искуство заедно со уште 4150 деца од 51 земја од светот.

Присуството на Џифони брендот во Република Македонија овозможува остварување на плодна соработка меѓу разни држави и културни институции и здруженија, а со тоа и воспоставување комуникација помеѓу различни култури, создавање платформа за сплотување на старото и модерното, односно размена на културните корени и новите техолошки достигнувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП