10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс и натаму најбогат човек на светот

Бил Гејтс и натаму најбогат човек на светот

bilgejts5467674

Бил Гејтс и натаму е најбогатиот човек на светот…

Основачот на компанијата Амазон Џеф Безос сега е на третото место на листата најбогати луѓе на светот, откако го претекна според богатството американскиот инвеститор Ворен Бафет.

Според индексот на милијардери на Bloomberg, Бафет вчера загубил повеќе од 754 милиони долари заради падот на вредноста на акциите на неговата компанија Berkshire Hathaway.

Безос загуби 136 милиони долари, но сепак неговата нето вредност на имотот од 65, 1 милијарда е поголема во однос на 65 милијарди на Бафет.

Во меѓувреме, најбогатиот човек на светот, основачот на Microsoft, Бил Гејтс стана уште побогат, откако заработи половина милијарда долари и ја зголеми нето вредноста на својот имот од 89 милијарди долари.

Шпанецот Амансио Ортега, сопственик на синџирот продавници Zara, и натаму е на второто место на листа на најбогати со 73,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП