10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на запленети лажни евробанкноти се намалува значително меѓу јануари и јуни

Бројот на запленети лажни евробанкноти се намалува значително меѓу јануари и јуни

banknoti eve3

Бројот на фалсификуваните евробанкноти запленети меѓу јануари и јуни, главно со номинална вредност од 20 и 50 евра, значително е намален во првите шест месеци на 2016-та година, соопшти Европската централна банка, цитирана од светските агенции.

Во првото полугодие од годината се повлечени 331.000 фалсификувани банкноти, што е за 25% помалку во однос на 445.000 во второто полугодие од 2015-та година, покажуваат податоците на Франкфуртската институција.

Од 2013-та година, бројот на запленети лажни банкноти речиси постојано се зголемуваше, достигнувајќи 507.000. Во втората половина на 2014-та година, истиот почна да се намалува.

„Бројот на фалсификатите останува исклучително низок во споредба со поголемиот број на вистинските банкноти во оптек (над 18,5 милиони во првото полугодие од 2016-та година)“, нагласува ЕЦБ во соопштението.

Банкнотите од 20 и 50 евра остануваат најфалсификуваните со удели од 31,6% и 48,2% од запленетите количини. Следат банкнотите од 100 евра и удел од 11,1%.

Речиси сите фалсификувани пари (97,6%) се наоѓаат во земји од еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП