20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите нафтени производители во светот

Најголемите нафтени производители во светот

platforma 88

Русија и Саудиска Арабија се најголемите нафтени производители во светот за првите три месеци од 2016-та година, информира „CNN“.

Просечната дневна екстракција на двете држави достигнува односно 10,5 и 10 милиони барели, додека САД се наоѓаат на третата позиција со 9,2 милиони барели.

Во рангирањето се уште Ирак (4,3 милиони барели), Кина (4,1 милиони барели) и Канада (3.8 милиони барели). Топ 10 се дополнува со Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Венецуела.

Прогнозата од Министерството за енергија на САД за јуни 2016-та година предвиде принос од 8,6 милиони барели – со 0.2 милиони барели помалку од просечниот дневна екстракција во март и со 0,6 милиони барели помалку од просечните податоци за првиот квартал.

Очекувањата за целата година се 8.6 милиони барели дневна екстракција, додека прогнозата за 2017-та година изнесува 8,2 милиони барели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП