26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето-плата во мај изнесува 22.324 денари

Просечната нето-плата во мај изнесува 22.324 денари

denari 33004

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 101.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (8.7%), Административни и помошни услужни дејности (7.6%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23.5%), Стручни, научни и технички дејности (15.2%) и Административни и помошни услужни дејности (2.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2016, изнесува 22.324 денари.

Во мај 2016 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 101.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.2%), Административни и помошни услужни дејности (7.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.6%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (22.4%), Стручни, научни и технички дејности (12.5%) и Административни и помошни услужни дејности (2.6%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2016 изнесува 32.776 денари.

Во мај 2016 година, 1.5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП