26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПарите најсигурни во душек?

Парите најсигурни во душек?

dushek1

Еден производител на душеци во Шпанија дошол до одлична идеја на пазарот да понуди душек со вграден сеф.

Неговата желба е на сонародниците да им обезбеди сигурно место за чување на парите и скапоцените работи, далеку од флуктуации и кризи на банкарските системи.

Многумина веруваа дека времето кога парите се чуваа под перница или во душекот помина, но во време кога земјата поминува низ рецесија, а банките се олицетворение на ѓаволот, Шпанците се повеќе се враќаат на старите добри методи за штедење.

Искористувајќи го моментот, компанијата Сантос, им предложува на депонентите своите средства да ги чуваат во „штедилницата душек“.

„Шпанските банки пропаѓаат. Луѓето повеќе немаат доверба. Потребно ви е безбедно место, далеку од банките!“, се вели во рекламата на компанијата која ги произведува душеците.

Иако ваквиот вид на штедење не носи камата, во „штедилницата душек“ повеќе нема да плаќате никакви такси ниту провизии.

И покрај недостатокот на камата, душеците со вграден сеф, наводно, одлично се продаваат.

„Некогаш луѓето сметаа дека душекот е одлично место за чување на своите пари. Денес историјата се повторува. Луѓето се загрижени од ситуацијата. Не велиме дека идејата не е луда, но веруваме дека на нашиот душек луѓето спокојно ќе спијат, знаејќи дека нивната заштеда е на сигурно место“, изјавија од компанијата Сантос.

Сефот се наоѓа во долниот дел од душекот, под дискретната платнена навлака. Душеците се изработуваат по нарачка, а нивната цена во зависност од големината изнесува од 515 до 875 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП