Вкупен промет од 34,6 милиони денари беше остварен во четвртокот на Македонската берза за хартии од вредност, остварен преку 98 трансакции.
Од вкупно тринаесет хартии со коишто се тргуваше, дури девет беа добитници, една беше во минус и три без промена.
Индексот МБИ10 порасна за 0,57отсто и моментално изнесува 1.815,06 индексни поени.
Промет од над милион денари забележаа пет хартии од вредност. Акцијата на Стопанска банка АД Битола со 10,5 милиони денари е прва на листата, а по неа следуваа акциите на ЗК Пелагонија со 7,9 милиони (преку блок трансакција), Комерцијална банка 5,6 милиони, Охридска банка 5,5 милиони и Алкалоид 1,8 милиони денари. Солиден промет имаше и со акциите на уште две други банки и тоа: НЛБ банка (0,8 милиони) и Стопанска банка АД Скопје (0,5 милиони).
Кај обврзниците без изненадување и промена на цените, а тргување имаше со РМДЕН15 и РМДЕН06.