3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКокаинот виновен за банкарската криза?

Кокаинот виновен за банкарската криза?

kokain1

Банкарската криза во Велика Британија ја предизвика кокаинот, тврди контроверзниот професор на лондонскиот колеџ, Дејвид Нат.

Тој смета дека банкарите започнале да конзумираат кокаин кој им дал премногу самодоверба, и поради тоа тие превземале поголеми ризици отколку што било потребно, пренесуваат странските медиуми.

„Банкарите користеа кокаин и затоа не вовлекоа во ваков хаос“, изјави Нат.

Нат, кој е професор по неуропсихофармакологија на Империјал колеџот во Лондон, често завршувал на насловните страни од британските весници, поради изјавите кои ги давал околу дрогата.

Неодамна, тој ги обвини властите на Велика Британија дека попречуваат во неговите истражувања за лекот против депресија, со своите апсурдни и луди закони за канабис, екстази и „магични печурки“.

До 2009 година, Нат беше главен советник за злоупотреба на наркотици во владата на Велика Британија, по спорната изјава дека „екстазите не се ништо поопасни од јавањето коњи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП