Американската компанија General Motors(GM) повлекува од пазарот во САД и Канада околу 308.000 автомобили „шевролет импала“ заради можноста воздушните перничиња да не се активираат при судар, јави AP.
Станува збор за автомобили произведени во 2009 и 2010 година.
GM наведе дека постои можност две лица да се повредени заради тој проблем.