2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВишеградската група ја повикува ЕУ на реформи по Brexit-от

Вишеградската група ја повикува ЕУ на реформи по Brexit-от

visegradska

Исходот од неодамнешниот британски референдум за излегување од Европската унија е јасен сигнал дека на ЕУ ѝ се потребни реформи, како и дека мора да се почитуваат одлуките на нејзините суверени членки, изјавија во четвртокот челниците на Вишеградската група, четирите земји од централна Европа.

„Европската унија мора да се врати на своите корени. Мора повеќе да се занимава со грижите на своите граѓани, а помалку со грижите на своите институции“, изјави полската премиерка Беата Шидло по средбата на групата челници.

Полска на почетокот од јули го презема претседавањето на Вишеградската група, која ги вклучува уште и Словачка, Чешка и Унгарија. Челниците на четирите земји се сретнаа во четвртокот за да се подготват за специјалниот самит на ЕУ кој во септември ќе се одржи во Брисел.

„Со заминувањето на Велика Британија, Европската унија ја загуби својата улога на светски играч“, предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан. Според него, за британското излегување виновна е европската миграциска политика: „Тоа е причината поради којашто ја загубивме Велика Британија“.

Овие четири земји членки ЕУ доследно се опираат на плановите на Брисел за постојана распределбата на барателите на азил во земјите членки и сакаат драстично намалување на бројот имигранти кои пристигнуваат во Европа.

„Целта на нашата политика во поглед на бегалците е да се запре миграцијата. Оние кои сакаат да се населат во Европа би требало да ги пополнуваат барањата за азил во центрите надвор од надворешните граници на ЕУ и да останат таму сé додека не ги прифати некоја европска земја“, додаде Орбан.

Вишеградската четворка произлезе од во февруари 1991 година во унгарскиот град Вишеград на самитот на шефовите на држави на Унгарија, Полска и Чехословачка формираниот ткн Вишеградски триаголник. Во 1993 година по мирното меѓусебно раздружување меѓу Чешка и Словачка, станува всушност Вишеградска четворка и сите четири држави на 1-ви мај 2004 година станаа членки на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП