5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреговори за слободна трговија меѓу Јапонија и ЕУ

Преговори за слободна трговија меѓу Јапонија и ЕУ

eujapan1

ЕУ и Јапонија го започнаа првиот круг од разговорите за слободна трговија, со надеж дека ќе ги поттикнат своите економии.

Двете страни укажаа на придобивките од Договорот за слободна трговија, со што ќе бидат покриени околу 30 проценти од глобалното светско производство и 40 проценти од трговијата, тие, исто така, предупредија дека преговорите ќе бидат тешки бидејќи во игра се чувствителни интереси.

Главниот преговарач на ЕУ, Мауро Петриционе изјави дека веќе подолго време со нетрпение ги очекува овие преговори.

„Знам дека ќе биде тешко, ние се разбираме едни со други“, изјави Петриционе на заедничката конференција за новинари со јапонскиот колега Јун Јакото.

Јакото изрази задоволство за доаѓањето во Брисел, и ова го нарече „многу важен момент“.

„Однапред се радуваме за преговорите, со кои треба да дојдеме до разумен билатерален договор“, изјави Јакото.

Петриционе најави дека очекува втората рунда на разговори да се одржи во јуни во Токио.

Петриционе и Јакото истакнаа дека нема причина да се одредува краен датум за постигнување на договор. Аналитичарите истакнуваат дека преговорите би можеле да траат и до пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП