9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата стабилно над 45 долари

Цените на нафтата стабилно над 45 долари

poil

Цените на нафтата на светските берзи во четврток беа стабилни над 45 американски долари за барел, по деветтиот по ред неделен пад на нивните резерви, кои и натаму се на рекордно високи нивоа.

Цената на барел сурова нафта на лондонската берза порасна во однос на среда за 10 центи на 47,27 долари, додека на американската берза нафтата за испорака во септември поскапе 12 центи на 45,87 долари.

Американските резерви на сурова нафта паднале до 15 јули за 2,3 милиони барели, објави американската влада. Но, вкупните резерви на сурова нафта изнесуваат 519,5 милиони барели и се наоѓаат на историско високо ниво за овој период, што е одраз на добро снабдениот светски пазар.

Американските резерви на бензин пораснаа минатата недела за 911 илјади барели и се наоѓаат значително над горната граница на просечниот распон. Инаку, во јули Американците традиционално патуваат и ја зголемуваат потрошувачката на бензин.

Во одвоен извештај на Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК), објави дека референтната цена на барел од нејзината нафта во среда изнесувала 42,73 долари, што значи дека пораснала за седум центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП