12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Штип ќе објави оглас за оттуѓување на градежно земјиште

Општина Штип ќе објави оглас за оттуѓување на градежно земјиште

oglas stip 333

Идната недела, општина Штип ќе објави нов оглас за оттуѓување на градежно земјиште. Според предвиденото, планирана е продажба на 35 парцели за куќи по цена од 1 евро за м/2, со различна површина, од кои најмалата е околу 400м/2 а најголемата околу 500.

„Важно е да се каже дека овие локации за куќи не се дел од проектот за „Млади брачни парови до 35 години“, но доколку се продадат, сопствениците истите можат да ги пријават како дел од проектот со што би ги користеле бенефиициите, секако согласно законските услови. Инаку овие 35 локации се наоѓаат во населба Дузлак, а што се однесува до локацијата за куќи за млади брачни парови, општината е во завршна фаза на проектот и се очекува уште документ за пренамена на земјиштето по што ќе биде објавен и оглас за продажба на локации за куќи од овој владин проект“, изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност на градоначалникот.

Освен за куќи, во објавата ќе се понудат локации за станбени згради и лесна индустрија. На продажба се две локации за бензински пумпи во селата Драгоево и Криви Дол, потоа згради во населба Пребег и во населба Баби и хотелски комплекс кај бања Кежовица, каде што една локација веќе беше продадена.

„На продажба ќе бидат шест парцели предвидени за станбени згради во Сењак, седум други спроти старото нервно одделение, понатаму на продажба ќе се понудат локации за три деловни објекти во Туртел, кај место викано Стари бунари, и во Македонка и на Балканска по една парцела за индустрија“, напомена Ристов

Според него, граѓаните дополнително и на време ќе бидат известени преку медиумите и социјалните мрежи за датумот на објавата на огласот во дневниот печат и на официјалната веб страница на општината со конкретните рокови и услови за учество како и за датумот на лицитацијата. Се очекува најдоцна до среда конкурсот да биде објавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП