18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ очекувано ги остави каматните стапки без промена

ЕЦБ очекувано ги остави каматните стапки без промена

ecb 3355

Европската централна банка (ЕЦБ) очекувано ги остави клучните каматни стапки без промена по денешниот состанок.

И покрај изненадувачките резултати од референдумот во Британија и нејасните последици, банката изгледа одлучила да почека и да види повеќе економски показатели пред евентуално намалување на каматните стапки.

Каматната стапка за главните операции за рефинансирање останува 0%, а онаа за граничното кредитно олеснување е 0,25%. Депозитна камата е на негативна територија во износ од -0,40%.

Одлуката беше во голема мера очекувана, особено откако минатата недела Англиската централна банка се воздржа од мешање. Пазарите прогнозираа дека претседателот на ЕЦБ, Марио Драги ќе ги следи активностите на колегата во Лондон, Марк Карни.

Во текот на денот се очекува пресконференцијата на Драги, на која тој ќе да даде повеќе сознанија за намерите на ЕЦБ и прогнозите на институцијата за еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП