19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку австријците ќе ги чини Брегзит

Колку австријците ќе ги чини Брегзит

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Австриската економија ќе оствари умерен раст од 2016-та до 2020-та година, поради тоа што Брегзит ќе влијае како сопирачка на растот, смета Институтот за високите студии (IHS).

Влијателниот економски институт тргнува од тоа дека растот на австриската економија, поради излегувањето на Велика Британија од ЕУ, ќе биде помал за 0,5 oтсто до 2020-та, отколку што би бил да не се случеше Брегзит.

Економскиот раст од оваа до 2020-та година ќе изнесува, според прогнозите на „IHS“, 1,4 проценти годишно. Тоа одговара на растот во еврозоната, кој во изминативе пет години имаше месечна стапка од 1,1 oтсто.

Состојбата на пазарот на труд, според предвидувањето на „IHS“, ќе остане многу тешка, иако се прогнозира значителен раст кај вработувањата. Тој раст на нови работни места, меѓутоа, нема да биде доволен за апсорпција во понудата на работна сила, па стапката на невработеност во 2020-та ќе биде не повеќе од девет проценти.

Надворешната трговија, смета „IHS“, ќе има мали импулси врз економијата. Се проценува дека извозот ќе порасне за три отсто, додека увозот ќе има раст од 3,5 проценти.

„IHS“ истакнува дека ќе бидат потребни понатамошни реформски чекори во јавниот сектор со цел јакнење на потенцијалот на австриската економија.

Прогнозата доаѓа од тоа дека во Австрија потрошувачката значително ќе порасне и тоа за 1,2 проценти, по 0,3 отсто во изминативе пет години.

Даночните реформи и развојот во областа на реалните примања ќе поттикнат развој на куповната моќ, па така ќе порасне и стапката на штедење. Овие реформи, смета „IHS“, се првиот чекор во низата потенцијални мерки за подобрување на инвестициската клима.

Исто така се истакнува дека намалувањето на трошоците за плати ќе го поттикне вработувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП