5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХаној најевтин, Њујорк најскап

Ханој најевтин, Њујорк најскап

Hanoi-768x538

Ханој е најевтин град за туристите, а Њујорк најскап, проценува порталот „TripAdvisor“.

Експертите на овој портал составија годишна листа од најдостапни и најнедостапни места за одмор и наведоа дека во главниот град на Виетнам туристите во просек трошат 674 долари.

На второтo место од најевтините туристички градови е индискиот Мумбаи со просечна потрошувачка од турист од 767 долари, а трет е Кејп Таун со 791 долар.

Според „TripAdvisot“, меѓу десет најевтини се најдоа Куала Лумпур, Бангкок, индонезискиот остров Бали, Мадрид Берлин и Виена.

На листата со најскапи градови за туристи води Њујорк. Во оваа метропола за одмор треба да потрошите речиси 2,5 илјади долари по лице.

Нешто поевтино е во Токио, во кој туристите оставаат до две илјади долари, а на третото место според скапотија се наоѓа Лондон со 1,9 илјади долари туристички трошок.

На листата со најскапите градови се и Канкун, Париз, Сингапур, Хонгконг, Сиднеј, Рим и Рио.

При составувањето на листата во предвид било земено колку пари двајца туристи ќе потрошат на сместување во хотел со четири ѕвезди за три дена, потоа на посета на три атракции, на ручеци и вечери, како и на возење со такси.

Трошоците за лет не се вклучени во таа сума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП