27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција плати рата од новата транша

Грција плати рата од новата транша

атина5555

Грција уплати рата од долгот од 2,3 милијарди евра за Европската централна банка, известува агенцијата АФП, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата.

Ратата од долгот, која претставува една од најголемите грчки должнички обврски во оваа година, е платена благодарение на парите од спасувачкиот пакет помош на Европската унија.

Грција минатиот месец доби 7,5 милијарди евра од своите европски кредитори, како дел од тригодишниот спасувачки пакет тежок 86 милијарди евра, кои минатата година ги прифати левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас.

Јунската транша помош е одобрена откако владата во Атина, како што наведува АФП, донела низа фискални мерки кои ги бараа доверителите, меѓу кои е и зголемувањето на даноци и механизмот за намалување на потрошувачката во случај на буџетски надминувања.

Европскиот стабилизационен механизам – тело задолжено за контрола на спроведувањето на грчките мерки договорени во рамките на спасувачкиот кредит – соопшти дека Атина ќе има на располагање уште 2,8 милијарди евра кога ќе ги реализира дополнителните реформи.

Претстојната проверка на реализацијата на преземени обврски во Грција на есен, ќе ги опфати лошите кредити на банките и реформите на работното законодавство, додава француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП