24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакции со акцијата на Скопски пазар

Блок трансакции со акцијата на Скопски пазар

mk berza 999

Преку три блок трансакции со акцијата на Скопски пазар се истргуваа во средата 746 лотови по цена од 9.500 денари по акција и беше направен промет од 7.087.000 денари.

Втора најтргувана хартија беше обврзницата РМДЕН15 со 2,9 милиони денари промет.

Акцијата на Охридска банка забележа раст од 6,55 отсто со истргувани 109 лотови по цена од 2.700 денари. Втора на листата на добитници беше акцијата на Макпетрол со раст од 1,13 отсто и истргувани само 2 лота преку вкрстена трансакција.

Вкупниот промет изнесуваше 13,3 милиони денари, а тргување имаше со 12 хартии. Индексите МБИ10 и ОМБ беа скоро без промена и тоа -0,04 отсто и +0,02 отсто, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП