9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако обидот за пуч во Турција влијае на пазарите во развој?

Како обидот за пуч во Турција влијае на пазарите во развој?

Turkey

Досега влијанието на обидот за пуч во Турција на пазарите во развој беше многу ограничено. Се чини дека пазарот беше повеќе фокусиран на американската берза, која достигнува нови рекордни нивоа. Меѓутоа, постои одреден европски агол кој мораме да го земеме во предвид во текот на остатокот од летото, бидејќи како што дојде до повторен обид за пуч Ердоган започна нешто што личи на чистење на политичките противници, а голем број на министри во ЕУ се загрижени за односите кон Турција, вели во својата анализа главниот економист на Saxo Bank, Стин Јакобсен.

Треба да имaме на ум дека политиката на Европа во врска со прашањето за бегалците е многу поврзана за Турција.

„Мислам дека ситуацијата во Турција ќе продолжи да биде бурна во поглед на привлекување на капитал и дека ќе продолжи слабеењето на турската лира, но се на се сведоци сме на многу ограничено прелевање на пазарите во развој. Она за што би требало да водиме сметка е дека ова лето ќе биде со многу вреви и реакции од разни политички агли, но и со ограничувања во поглед на економските податоци“, пишува Јакобсен во својата анализа.

Турската лира и понатака е валута со многу висок принос и Турција и понатаму претставува земја на иднината. Политичката ситуација во земјата од лоша стана полоша и понатаму ќе биде во состојба во која за европските политичари ќе биде тешко да се движат на политичката сцена поради политиката кон бегалците, како и за инвеститорите поради имотните права во земја која продолжува да биде се помалку и помалку отворена кон Западот, заклучува економистот на „Saxo Bank“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП