Кредитната агенција „Standard & Poor’s – S&P“ го намали кредитниот рејтинг на Турција кој веќе беше на нивo безвреден (Junk- ѓубре).
На Турција „S&P“ и го намали рејтингот од BB+/B на BB/B бидејќи се очекува период на голема неизвесност.
„S&P“ ги задржа негативните изгледи за Турција, што сугерира дека е можно понатамошно намалување на рејтингот.
„Негативниот изглед го одразува нашиот став дека турската економска, фискална и должничка метрика може да се влоши под нашите очекувања, доколку политичката неизвесност придонесе за понатамошно слабеење на инвестициското опкружување“, наведе „S&P“