27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ја поттикнува економијата со нова инјекција од речиси 200 милијарди долари?

Јапонија ја поттикнува економијата со нова инјекција од речиси 200 милијарди долари?

jap 98

Јапонската влада планира нова програма во износ од најмалку 186 милијарди долари, пишуваат локалните медиуми. Целта на пакетот е надминување на дефлацијата, како и заштита од негативните економски последици поради заминувањето на Велика Британија од Европската унија.

Готовинскиот обем на програмата е зголемен двојно по гласањето за „Brexit“, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата. Таа ќе важи во текот на буџетската 2017-та година, но може да се прошири и по неа.

Премиерот Шинзо Абе им нареди пред неколку недели на своите министри да подготват пакет од фискални стимули и да го претстави во почетокот на август, но досега не се познати конкретните параметри.

Според еден од советниците пакетот треба да биде најмалку 20 илјади милијарди јени (192 милијарди долари). Јапонија треба да остави различните варијанти отворени, вклучувајќи да има координирана акција меѓу владата и централната банка, изјави еден од главните советници на Абе за економската политика Коичи Хамад.

Минатата недела владата во Токио ја ревидираше драстично надолу прогнозата за економскиот раст за буџетската година кој истекува во март 2017-та година до едвај 0,9 отсто. На почетокот на годината прогнозата беше за раст од 1,7 отсто. Веќе неколку години економијата на земјата страда од дефлација, се намалуваат плати и се доцни со инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП