18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air го преполови планот за проширување во Велика Британија по Brexit

Wizz Air го преполови планот за проширување во Велика Британија по Brexit

wizzair1222

Унгарската нискотарифна авиокомпанија Wizz Air го преполови планот за проширување на работењето во Велика Британија заради Brexit и падот на вредноста на фунтата, соопшти оваа компанија.

„Планот за зголемување на капацитетот во Британија во втората половина на годината е преполовен како директна последица на Brexit и послабата британска фунта“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на компанијата рече дека одлуката на Британија да излезе од Европската унија (ЕУ) предизвикала значителна слабост во цените на авиобилетите на рутите кон и од Британија, во главно заради послабата фунта.

Wizz Air претходно имаше намера сопствените капацитети кон и од Британија да ги зголеми на 30 отсто, но тоа е намалено на 15 отсто.

Планот за воведување на нови рути останува на сила, но фреквентноста на летовите за сега нема да биде зголемена.

По британскиот референдум на 23 јуни, ирската нискотарифна авиокомпанија Ryanair го одложи воведувањето на нови линии во Британија за следните месеци заради неизвесноста што ја предизвика Brexit.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП