19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГо изобличува ли ЕЦБ пазарот на корпоративни обврзници?

Го изобличува ли ЕЦБ пазарот на корпоративни обврзници?

ob 335

Европската централна банка ја објави листата со компании, чии корпоративни обврзници започна да ги откупува во рамките на програмата за квантитативни олеснувања. Во Германија меѓу имињата се најдоа „Allianz“ и „Siemens“, енергетската компанија „RWE“ и произоводителите на автомобили „Daimler“, „Volkswagen“ и „BMW“.

ЕЦБ се грижи за стабилното пребарување и за уште понизок принос по корпоративните обврзници. Таа никогаш не била толку поволна за компаниите за да обезбедат свежи пари за обврзници, посочува германската телевизија „n-tv“.

Она што предизвикува радоста за компаниите сепак, води и до критики дека планот на ЕЦБ го искривува должничкиот пазар.

„ЕЦБ претставува значителен купувач кој апсорбира огромен дел од обврзниците на пазарот“, вели Фрејзер Лунди од „Hermes Investment Management“.

Дури во средина на несигурност по референдумот во Британија, корпоративните обврзници поскапеа. Поради силната побарувачка на хартии од вредност со висок рејтинг, тие забележаа пад на приносот до рекордно дно од 0,5%, вели Двајт Болдон од „Bankhaus Metzler“. Според него една петтина од обврзниците на пазарот се со негативна профитабилност. „Тоа значи дека инвеститорите делумно прифаќаат еден вид такса наместо досегашниот принос. При тоа крај на падот на приносот се уште не се гледа“, вели Болдон.

Пристапот на ЕЦБ не е нов. Банката треба донекаде го следи примерот на Јапонската централна банка, која токму преку откупување на корпоративни обврзници го надгледува пребарувањето. ЕЦБ одамна има корпоративни хартии од вредност во билансот на плаќање. Пред околу две години банката почна да купува обврзници на комерцијалните банки, кои се гарантирани со хипотеки и се сметаат за релативно безбедни. Дури и во оваа сфера ситуацијата се влоши откако ЕЦБ влезе на пазарот како купувач, посочува „n-tv“.

Компаниите извлекуваат корист од ниските приноси на обврзниците. Осигурениците и пензиските фондови сепак се подложени на поголем притисок поради политиката на ЕЦБ. Откако државните хартии од вредност не носат речиси никаков принос, сега и корпоративните обврзници со исто толку добар кредитен рејтинг се насочуваат во оваа насока.

Последиците се дека за компаниите за осигурување ќе им биде потешко да постигнат со закон одреден минимален принос. Затоа многу штедачи си го поставуваат прашањето дали воопшто вреди ризикот да се купува обврзница при принос од под 1%. Дури и при корпоративни обврзници со исто толку добар рејтинг, ризикот од банкрот е многу поголем, отколку кај Влада.

Колку повеќе мерки најавува ЕЦБ, толку повеќе се зголемуваат критиките. Едно од обвиненијата е дека банката влегува на повеќе пазари, каде што нема што да бара. Еден од најжестоките критичари на банката е Давид Фолкертс-Ландау, главен економист на „Deutsche Bank“, според кого мерката е акт на очај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП