7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Британија под психолошката граница, но дали ќе остане така

Невработеноста во Британија под психолошката граница, но дали ќе остане така

1963540522577d2f5369c0b381220707_w640

Стапката на невработеност во Британија во три месеци заклучно со мај падна на 4,9 проценти, што е најниското ниво од третиот квартал во 2015 година.

Како што соопшти британската канцеларија за статистика (ONS), а пренесува Блумберг, британскиот пазар за труд продолжил да покажува сигнали на зајакнување во пресрет на одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија.

Економистите кои ги анкетираше Блумберг предвидоа задржување на стапката на невработеност на 5,0 проценти.

Бројот на вработени во тој период порасна за 176,000, најмногу во оваа година, на рекордни 31,7 милиони.

Кога станува збор за платите, растот на основните примања неочекувано забави на 2,2 проценти од 2,3 проценти, додека вкупната заработка порасна за 2,3 проценти од 2,0 проценти.

Сите податоци се собрани пред одржување на референдумот на 23 јуни, што значи дека не ги одразуваат ефектите кои Брегзит ги имаше по економијата.

Само во мај, стапката на невработеност изнесувала 4,8 проценти, додека бројот на барања за исплатата на надоместок за невработени во јуни порасна за 400, наведува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП