15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на прометот во индустријата

Пораст на прометот во индустријата

industrija1

Прометот во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи пораст од 5,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Прометот на домашниот пазар бележи пораст од 7,8 отсто, а на странските пазари пораст од 4,3 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 14 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 5,1 отсто.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,5 отсто и Капитални производи за 11,6 отсто, а опаѓање кај Енергија за 26,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 14,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.

Прометот во индустријата во февруари 2013 година во однос на јануари 2013 година, бележи пад од 3,9 проценти, додека во периодот јануари-февруари 2013 година, во однос на периодот јануари-февруари 2012 година, има пораст од 4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП