17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever плаќа 1 милијарда долари за компанија формирана со едно видео (видео)

Unilever плаќа 1 милијарда долари за компанија формирана со едно видео (видео)

clubce 3344

Пред четири години Мајкл Дубин ја создава својата компанија со многу забавно видео на „YouTube“ во кое се шегува со проблемите и трошоците околу машкото бричење. Видеото многу брзо доби голема популарност и така се создаде „Dollar Shave Club“.

Сега Дубин го продава својот стартап за 1 милијарда долари.

Европскиот гигант во областа на потрошувачките производи „Unilever PLC“ кој поседува брендови како „Dove“ и „Axe“, вчера соопшти дека ќе го купат стартапот со седиште во Калифорнија. Условите од договорот засега не стануваат официјално јасни, но „Unilever“ ќе плати 1 милијарда долари во готово.

„Dollar Shave Club“, која се уште не генерира профит, располага со 3,2 милиони претплатници, на кои им праќа по пошта жилети и други производи за фиксна месечна претплата. Компанија за бричење беше проценета на 615 милиони долари. Стартапот со седиште во Лос Анџелес е основан пред три години со идејата да украде пазарен удел од гигантот во сферата „Gillette“.

Компанијата на Дубин успеа да земе дел од пазарниот удел на „Gillette“, кој реагираше така што создаде сопствен „Gillette Shave Club“, а минатата година дури поднесе тужба за прекршување на патенти.

„Dollar Shave Club“ рапидно расте, додавајќи клиенти и нови производи како гел за коса, а неодамна и туш гелови. Компанијата на Дубин генерира 152 милиони долари приходи за минатата година и е на пат да го надмине прагот од 200 милиони долари за 2016-та година, според „Unilever“.

Уделот на „P&G“ од пазарот на машки жилети во Северна Америка паѓа до 59% во минатата година во споредба со 71% во 2010-та година. „Dollar Shave Club“ контролира 5% од пазарот во текот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП