15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажните цени на индустриските производи на странски пазари пониски за 2 осто

Продажните цени на индустриските производи на странски пазари пониски за 2 осто

industrialpro

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, во февруари годинава се повисоки за 1,2 отсто на месечно ниво, а пониски за 2 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 1,2 отсто.

Во споредба со февруари 2012, продажните цени се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 2,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП