17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја тужи Кина во СТО

ЕУ ја тужи Кина во СТО

кина-изоз

Европската унија започна спор против Кина во Светската трговска организација (СТО) поради таксите и другите мерки за извоз на суровини.

Откако слични мерки против Кина минатата недела покренаа и САД, ЕУ вчера најави постапка наведувајќи дека мерките на Кина ги кршат правилата на СТО, го деформираат пазарот и им даваат неправедна предност на кинеските компании.

„Неможеме да седиме на рацете и да гледаме како нашите производители и потрошувачи се оштетени со неправедната трговија“, изјави комесарката за трговија Сесилија Малмстром.

ЕУ наведува дека Кина вовела царини и квоти за 11 материјали кои ги извезува во ЕУ, меѓу кои графит, кобалт, хром, магнезиум, антимон и индиум кои заедно со уште 20 сировини се сметаат за „клучни за европската економија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП