18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку опасен е секторот на деловни простори за британските банки?

Колку опасен е секторот на деловни простори за британските банки?

uk nedviznosti

Изложеноста на британските банки кон секторот на деловни простори изнесува повеќе од 65 милијарди фунти (84 милијарди долари). Главниот страв на пазарите е дека секторот е ранлив од голема корекција во позадина на паниката на инвеститорите кои се обидуваат да си ги повлечат парите од инвестициските фондови, пишува во својата анализа „Bloomberg“.

Добрата вест е дека финансискиот удар од евентуален пад во секторот на деловни простори изгледа прифатлив за банките, бидејќи во последните неколку години тие значително го подобрија билансот и капиталната позиција, додава агенцијата.

Ако дојде до колапс на пазарот на деловен простор, сличен на оној во 2008-ма година, тоа ќе доведе до отпишувањето во износ од 965 милиони фунти за „Lloyds“ и „RBS“, покажуваат податоците на консултантската компанија „Bernstein“. Тоа изнесува 5% од износите кои двете банки се должни ги да издвојат како амортизери поради кризата.

Историски гледано, сепак, при пад на пазарот на деловен простор следува и пад во станбениот сегмент и поширока рецесија. Ако ова сценарио се реализира, тоа би било сериозен проблем за банкарскиот сектор и ќе доведе до пад на изложеностите и кон градежниот сектор како целина, и кон бизнисот воопшто, но и корисниците.

На графиконот базирана на податоци на „Goldman Sachs“, се гледа колку мала ќе е тежината на банките, ако треба да прават отпишување само поради секторот на деловни простори.

bl gs 3344

Графикон: „Bloomberg“, според податоците на „Goldman Sachs“

При пад на пазарот на деловен простор отпишувањето на седум банки за период од пет години би достигнал малку под 4 милијарди фунти, покажуваат податоците на „Goldman“. При пад на станбениот пазар износот само за хипотеките достигнува 6 милијарди фунти за корисничко кредитирање – 17 милијарди фунти, а за кредитирањето услуги – 11 милијарди фунти. Тоа се и клучните области на раст, на кои банките вложуваат во стратегиите во последните години, забележува новинската агенција.

Кредитирањето со хипотека во последниве години расте со двоцифрена бројка во процентуален израз поради бумот на инвестициите во секторот на недвижностите и владините субвенции за купувачите на прв дом. Во февруари корисничко кредитирање на Островот достигна 11-годишен максимум. Поумерен е растот за бизнис кредитирањето, но се забележува одржлив пораст од почетокот на 2015-та година.

Сето тоа е под закана од евентуално забавување на економијата, без разлика што ќе се случува на пазарот на недвижности, пишува агенцијата.

Дополнителен притисок врз банкарскиот сектор би покажал и очекуваниот пад на берзите при забавување на економијата. Откако стана јасно дека Велика Британија ја напушта ЕУ, банкарскиот подиндекс во составот на „FTSE“ избриша повеќе од 10 отсто.

Дури и да не се дојде до рецесија, сепак, „Brexit“ сигурно ќе „изеде“ дел од добивката на банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП