14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија не планира оваа година да го активира членот 50 за...

Велика Британија не планира оваа година да го активира членот 50 за излез од ЕУ

crop-54735a5474dd0-imgID8014378

Велика Британија не планира да покрене официјални преговори за излегување од Европската унија(ЕУ) оваа година, рече во вторник адвокатот на британската влада.

Џејсон Копел рече дека пред Уставниот суд рекол оти владата на премиерката Тереза Меј нема намера да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, што ја регулира процедурата за излез од ЕУ до крајот на ова година.

„Го кажав владиниот став за тајмингот на нотификацијата и судот го одреди распоредот во согласност со тоа“, рече Копел.

Од судот е побарано да одлучи дали и дозволуваат извршните овластувања на премиерката Меј да го активира членот 50, кој придвижува двегодишен процес за раздружување, без гласање во парламентот.

Судиите одлучија за тоа да расправат во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП