25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акциите на ЗК Пелагонија

Блок трансакција со акциите на ЗК Пелагонија

berza-makedonija-makedonska-berzi

Со акцијата на Земјоделски комбинат Пелагонија преку системска блок трансакција во вторникот беа истргувани 11.272 лотови по цена од 1.582,00 денари по акција.

Станува збор за 5,5 отсто од основната главнина на друштвото. Во класичното тргување напротив имаше минимален промет од 3.200 денари каде 2 лота се истргуваа по цена од 1.600 денари и пад на цената од 5,88 отсто.

Акцијата на Жито Лукс забелата голем раст, и тоа од 45,04 отсто, со истргувани 30 лотови по цена од 190 денари.

Пораст на цената имаше и кај акцијата на Уни банка од 2,99 отсто, Македонски телеком за 2,02 проценти, и Комерцијална банка од 1,91 отсто.

Промет над милон денари остварија акциите на Алкалоид – 1,6 милиони денари, на Комерцијална банка од 1,17 милиони и акциите на НЛБ банка од 1,1 милион иденари.

Кај обврзниците доминираше РМДЕН со 17,8 милиони денари и 90.724 лотови истргувани по цена 92,47 отсто од номиналната вредност.

Индексите МБИ10 и ОМБ се во позитивна териоторија, и тоа 0,50 односно 0,14 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП