2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМерките кои ги презема владата за туризмот почнаа да даваат резултати

Мерките кои ги презема владата за туризмот почнаа да даваат резултати

ohrid1

Мерките што ги презема Владата за развој на туризмот во минатиот период почнуваат да даваат резултати и очекуваме тој тренд да продолжи, рече денеска премиерот Никола Груевски.

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со најновите податоци за зголемениот број туристи и ноќевања во Македонија, Груевски напомена дека се обезбедени субвенции за авионски летови кон Македонија, како и поддршка за турооператорите кои носат странски туристи. Зголемена е и туристичката понуда од аспект на се она што може да се види во Македонија.

– Тоа е добар показател кој укажува дека владините мерки даваат резултати. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи, посебно затоа што воведовме значајни мерки што помагаат, воведуваме субвенционирање на авионски летови за Македонија што ќе се одвива секоја година, како и субвенционирање на турооператори кои носат странски туристи во најголем дел од Холандија и земјите од Бенелукс, но и од скандинавските земји  и други држави. Почнавме да ја зголемуваме и листата на земји кои го добиваат највисокиот износ на субвенции. Таа листа оваа и во наредните две години ќе расте по бројот на земји, рече Груевски по промоцијата на новите делa од едицијата „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“.

Премиерот потсети дека Владата овозможи изградба на хотели со купување државно земјиште чија почетна цена е едно евро за метар квадратен.

– Преку Македонската банка за поддршка на развојот овозможивме кредити во областа на туризмот, овозможивме субвенционирање до 50 проценти  на хотелски сместувачки објекти во руралните средини и низа други проекти, рече Груевски.

Формиран е посебен комитет предводен од премиерот кој се состанува еднаш месечно и расправа за сите можни начини кои можат да му помогнат на туризмот. Сите овие активности, повтори Груевски, веќе даваат одредени резултати.

Според статистиката, бројот на туристи во февруари е зголемен за 8,7 отсто, а бројот на ноќевања за повеќе од 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП