11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPokemon Go ја удвои вредноста на Nintendо

Pokemon Go ја удвои вредноста на Nintendо

nin 99

Цените на акциите на јапонската технолошка компанија „Nintendo“ пораснаа денеска за дополнителни 14 отсто, така што во изминатите седум трговски дена, односно од лансирањето на играта Pokemon Go во САД, нејзината пазарна капитализација и повеќе од двојно е зголемена на 4.500 милијарди јени или 42,5 милијарди американски долари, надминувајќи ја така вредноста на јапонскиот технолошки гигант „Sony“, за околу 500 милијарди евра.

Феноменалниот успех на играта Pokemon Go, која засега е достапна во 35 земји, предизвика вистинска треска по акциите на „Nintendo“, изненадувајќи ги дури и некои од искусните играчи на пазарот капиталот.

„Никогаш не сум видел трендот цените на кациите на толку голема компанија да се менува толку брзо во толку кус временски период“, изјави Такаши Оба стратег во компанијата „Okasan Securities“.

Цената на акциите на „Nintendo“ пораснаа во вторникот за 14,4 отсто, на 31,770 јени, скокнувајќи од лансирањето на играта на 6-ти јули за повеќе од 100 отсто. Прометот со овие акции достигна 703,6 милијарди евра, односно четвртина од вкупниот дводневен промет на Токиските берзи,

Успехот на играта Pokemon Go, кој ги изненади дури и нејзините автори, ги зголеми надежите дека „Nintendo“ би можел да капитализира и на своите други популарни ликови како што се Zelda и Super Mario, и да ја зајакне својата позиција во таканаречената проширена стварност.

„Виртуелната и проширена стварност беа во фокусот на пазарите, меѓутоа малку кој го очекуваше Nintendo во оваа област. Одеднаш Nintendo стана акција поврзана со проширената стварност. Според моите груби процени, продажбата на Pokemon Go и следните сродни игри ќе ја зголеми нето добивката на компанијата за 50 милијарди јени“, рекол за Reuters еден јапонски фонд менаџер кој сакал да остане анонимен бидејќи не смее да ги коментира поединечните акции.

Популарноста на играта Pokemon Gо произведе и изненадувачки раст на цените на некои акции кои и немаат некоја особена поврзаност со оваа игра. Така, акциите на компанијата „First Baking“, пекарница со долгогодишна продажба од 25 милијарди евра, поскапеа во вторникот за 18 отсто поради продажбата на Покемон лебот, леб спакуван во кесичка со ликот од играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП