19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за економски раст во светот по Брегзит

ММФ ја намали прогнозата за економски раст во светот по Брегзит

mmf38

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата на светскиот економски раст заради „значителната неизвесност“ по гласањето на Британците за излез од Европската унија(ЕУ), што би требало да влијае на „јасно и брзо“ забавување на растот на британската економија.

„Резултатот на гласањето во Велика Британија влијаеше врз настанокот на големиот ризик од влошувањето на светската економија“, пишува во новиот јулски извештај на ММФ.

Се предвидува дека светската економија ќе порасне за 3,1 отсто во 2016 година и за 3,4 отсто во 2017 година, што е за 0,1 процентен поен помалку од предвидувањата во април и покажува „вознемирувачка стагнација“ во однос на 2015 година.

ММФ го намали предвидувањето на британскиот економски раст за 2016 година за 0,2 процентни поени, на 1,7 отсто, а за 2017 година го намали за 0,9 процентни поени, на 1,3 отсто.

Сепак, Фондот не предвидува рецесија за Велика Британија.

Ситуацијата дополнително би можела да се влоши ако Лондон и неговите европски партнери не постигнат договор и не избегнат значително зголемување на фискалните и царинските тарифи, се наведува во извештајот.

Во таквото црно сценарио кое ММФ го оценува како „малку веројатно“, голем дел од лондонскиот финансиски центар би бил преместен на друго место во Европа и падот на потрошувачката и инвестициите би бил поголем од предвиденото и би довел до рецесија во Британија.

Во случај сепак да се оствари ваквото црно сценарио, светскиот раст би можел да забави на 2,8 отсто оваа година, а еврозоната би била изложена на остри тензии од банкарскиот сектор, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП