11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Закрепнува банкарскиот сектор на еврозоната

ЕЦБ: Закрепнува банкарскиот сектор на еврозоната

ecb-headquarters111

Европскиот финансиски сектор покажува понатамошни знаци на закрепнување, а банките се повеќе се натпреваруваат во ублажувањето на кредитните стандарди, покажаа денес објавените резултати од анкетата на Европската централна банка.

Кварталната анкета на ЕЦБ за банкарското кредитирање (BLS) покажа дека банките ги олабавуваат условите за кредитирање при одобрувањето на кредитите за компаниите, што го смета ЕЦБ, за охрабрувачки сигнал, бидејќи хроничната слабост на кредитните активности во еврозоната претходно беше означена како виновнк за отсуство на закрепнување во 19-члениот блок, пренесува агенцијата Франс прес.

„Банките во еврозоната пријавија дополнително олабавување на кредитните стандарди во одобрувањето на кредитите за претпријатија во вториот квартал од 2016 година. Притисокот на конкуренцијата остана клучен фактор кој придонесе за олабавување на стандардот“, се вели во извештајот.

Истовремено, побарувачката за кредити порасна, порачува ЕЦБ.

„Нето побарувачката за кредити продолжи да расте во сите кредитни категории. Клучните фактори кои се кријат зад нето побарувачкката на компаниите за кредитите во вториот квартал од 2016 година се активностите за спојување и преземање, рефинансирање на долгот и работниот капитал“, се додава во соопштението.

За нето побарувачката за стамбените кредити придонесоа ниските каматни стапки, продолжувањето на поволните перспективи на пазарот за недвижнини и довербата на потрошувачите, покажува анкетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП