5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот државен инвестициски фонд атакува и на инфраструктурата

Норвешкиот државен инвестициски фонд атакува и на инфраструктурата

norbank 33

Норвешка размислува дали нејзиниот државен инвестициски фонд – кој е најголем во светот, да не ги зголеми инвестициите во јавни инфраструктурни проекти, пишува Bloomberg“.

Парламентот на земјата побарал од Норвешката централна банка, која управува со фондот, да ги испита можностите за такви инвестиции, додава новинската агенција.

Рокот на Централната банка да излезе со извештај и одговор на барањето е 20-ти декември.

Новинската агенција потсетува дека пред околу три месеци Владата отфрли слично барање на Фондот.

Инвестицискиот фонд на Норвешка одамна лобира за проширување на мандатот надвор од акциите и обврзниците. Минатата година владата дозволи Фондот да инвестира до 5% од своите средства во инфраструктурата, за да ја зголеми профитабилноста.

Повисокиот принос е причината и Фондот да ги зајакне инвестициите во имот во светот. Максималниот „врв“ повторно е 5%, а од 2010-та година Фондот вложи 28 милијарди долари на клучни пазари – Лондон, Њујорк, Париз, Сингапур и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП