Со акцијата на Жито Лукс преку системска блок трансакција во понеделникот беа истргувани 5.570 лотови по цена од 200 денари за акција.
Во класичното тргување, исто така, имаше зголемен обем на тргување, и тоа 400 лотови по цена од 131 денари, при што цената забележа пад од 34,50 отсто.
Листата на губитници ја надополнија и акциите на Стопанска банка Битола (-7,83 отсто), Фершпед (-3 отсто), Топлификација (-2,88 отсто) и Макпетрол (-2,25 отсто). Вкупно осум хартии забележаа пад, без промена во цената се тргуваше со три хартии, додека добитници воопшто немаше.
Прометот изнесуваше 4,9 милиони денари при што и двата индекси МБИ10 и ОМБ забележаа пад на своите вредност и тоа -0,64 отсто и -0,16 отсто, соодветно.