23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Штедачите се уште чуваат милијарди германски марки

Германија: Штедачите се уште чуваат милијарди германски марки

njemačka-marka

Германците чуваат монети и бакноти од германската марка во вредност од 12,76 милијарди германски марки, или 6,53 милијарди евра.

Германија е единствената држава која не воведе временско ограничување за промена на старата валута во евро.

Граѓаните на Германија и другите светски држави се уште имаат монети и банкноти од германската марка во вредност од 12,76 милијарди гeрмански марки, односно 6,53 милијарди евра, соопшти во понеделникот Централната банка на Германија.

„Многумина марките ги чуваат поради носталгија, а голем дел од парите се некаде заборавени”, се вели во соопштението.

Неодамна еден жител на Луксембург на таванот од куќата на својот покоен татко пронашол кутија со 69 илјади германски марки, а сличен случај е забележан и во германската покраина Хесен каде за време на рушење на една куќа пронајдена е кутија со 60 илјади германски марки.

Како што се проценува, еден дел од марките се наоѓа во странство, без оглед дали во монетии, кои туристите со себе ги понеле и не ги размениле, или во облик на заборавена заштеда.

Најбројни се банкнотите од 10 марки во оптек како и монетата од еден фенинг.

Откако пред 14 години беше воведено еврото, жителите на Германија годишно враќаат речиси 100 милиони марки во централната банка.

Германија е единствена земја кој нема воведено временско ограничување за промена на старата национална валута во евро.

Во Франција и во Италија рокот за промена на локалните валути веќе е истечен, а во Шпанија, граѓаните можат своите заостанати пезоси да ги претворат во евра до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП