8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКардиологија, Детска клиника и Козле со акредитации за квалитет

Кардиологија, Детска клиника и Козле со акредитации за квалитет

акредитации

Универзитетската клиника за кардиологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и Универзитетската клиника за детски болести се првите три здравствени установи кои во понеделникот, добија едногодишни сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации на здравствени установи во Македонија.

Премиерот Емил Димитриев, им честита на првите три акредитирани здравствени установи и рече дека здравјето на граѓаните и нивната здравствена заштита се врвен приоритет во сите владини програми и стратегии.

„Болниците и здравствените служби се витални компоненти на секое добро организирано и хумано општество и затоа здравствениот сектор е тој кој секогаш има приоритет при распределбата на ресурсите. Должност на Владата е да ја поддржува и континуираната едукација за обезбедување квалитет на сите нивоа“, рече Димитриев.

Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров рече дека во изминатиот период здравствениот систем во Македонија континуирано се развива, надградува, осовременува и со крупни чекори се движи кон достигнување европски и светски стандарди, со единствена цел да се обезбеди што е можно поквалитетни здравствени услуги за сите граѓани во државата.

Тодоров рече дека треба да се акредитираат сите здравствени установи во државата, по што следува секоја година проверка на тоа дали се задржани условите кои ги исполниле.

На новинарско прашање што ќе значи акредитацијата за лекарите, а што за пациентите, Тодоров рече дека стандардизирањето на квалитет значи дека во сѐ се почитуваат определени протоколи за работа, со кои се намалува можноста за грешка, за интерхоспитални инфекции, а се зголемува ефикасноста и ефективноста на персоналот, во правец на намалување на болнички денови, а со тоа и порационално користење на буџетите од јавните здравствени установи.

„Идејата е со почитување на овие стандарди во континуитет да се овозможува развој и зголемување на ефиканоста на функционирањето на здравствените установи“, изјави министерот Тодоров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП