20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропол: Црна Гора е „перална на пари“

Европол: Црна Гора е „перална на пари“

evro3

Европската полициска канцеларија во својот најнов извештај вели дека Црна Гора е во ранг на „најважните перални на пари“. Црна Гора е дел од балканскиот нарко пат.

Европол во најновиот извештај констатира дека Црна Гора е значајна перална на пари, бидејќи нелегално стекнатите пари на тајкуните и нарко-босовите се вметнуваат во легални текови и бизниси.

Европол предупредува дека Црна Гора „има проблем со перење пари бидејќи нелегално стекнатите пари се вметнуваат во легалните бизниси“.

“Сеуште се истражува каква и колкава врска има ваквиот капитал со државниот врв и со коруптивните практики. Под посебна лупа се и руските тајкуни чија работа со години е сомнителна за европската полиција”, пишува во извештајот на Европол.

Според Европол, нелегално заработените милиони во Русија често завршуваат како уредни инвестиции во хотели, терени и вили на црногорското приморје.

Европол констатира дека Црна Гора е раскрсница на балканскиот нарко пат и дека е дел од „балканската нарко шема“.

“Црногорската положба е интересна за нарко босовите поради слабиот надзор, но и поради можностите за подмитување на царинската и полициската контрола”, пишува во извештајот на Европол.

Криминалните групи, спорд извештајот на Европол, заработените пари ги вложуваат во легални бизниси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП