4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија бележи раст без оглед на Брегзит

Германската економија бележи раст без оглед на Брегзит

germanija-ekonomija

Германската економија ќе продолжи да бележи силен раст во третото тромесечје, без оглед на потенцијалните ризици од Брегзит, соопшти во понеделник Бундесбанка.

По забавувањето на растот во вториот квартал на 2016 година, основните економски трендови остануваат многу силни, а значителен скок на бруто домашниот производ може да се очекува во летниот квартал, наведува германската централна банка во најновиот месечен извештај.

Во периодот јули-септември, клучни генератори на закрепнувањето, како многу поволната ситуација на пазарот на труд и растечките примања, ќе останат недопрени, се наведува во извештајот.

„Константниот оптимизам меѓу компаниите и домаќинствата говори дека забавувањето на економскиот раст од второто тромесечје ќе биде само со привремен здив. Моментално тешко е да се прогнозираат економските последици од Брегзит за германската економија, но тие најверојатно ќе останат ограничени, барем на краток рок“, се додава во извештајот на Бундесбанка.

Бруто-домашниот производ на Германија во првите три месеца на ова година порасна за 0,7 отсто, но за другиот квартал се прогнозира забавување. Бундесбанка во моментот предвидува раст на БДП од 1,7 отсто за целата 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП