17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК: Светските трендови во туризмот бараат регионална туристичка понуда

ССК: Светските трендови во туризмот бараат регионална туристичка понуда

ssk sredba 3535

На денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК) предводена од Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК, и амбасадорите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во Македонија, се разговараше за зголемувањето на туристичката соработка меѓу земјите, зголемување на бројот на туристи и креирање на заеднички туристички понуди за настап на трети пазари.

Подобрувањето на туристичката соработка и заедничкиот настап на трети пазари е од голема важност за економиите на земјите бидејќи туризмот е една од најзначајните стопански дејности кој директно влијае и придонесува за зголемување на економијата како на национално, така и на локално ниво и придонесува за позитивни долгорочни ефекти во останатите сектори.

„Нашата цел е продлабочување и интензивирање на туристичката соработка помеѓу земјите и изготвување квалитетни туристички услуги со цел привлекување туристи од трети земји. Авиолинија Скопје – Подгорица – Сараево како и автопат Скопје – Приштина ќе овозможат зголемување на бројот на туристи од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, а со Србија потребна е поголема заедничка промоција на туристичките дестинации во двете земји“ , рече Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителската комора при ССК.

За државите е многу значајно создавање на заедничка агенда за развој на туристички продукти и менаџмент дестинации бидејќи заедничкиот настап овозможува поатрактивна понуда за туристите чиишто дестинации се европските и балканските земји. Земји со најголем потенцијал за дојдовен туризам сметаме дека се: Кина, Јужна Кореја, Малезија, Иран, Хонгконг, Канада и Америка.

Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори во блиска иднина ќе потпише договор за соработка со Туристичките комори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со што ќе се овозможи понатамошна уште поинтензивна меѓусебна соработка.

Според податоците од Државниот завод за статистика на Република Македонија од 2013 до 2015 година бројот на туристи кои доаѓаат и преноќуваат во Република Македонија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија е во континуиран пораст.

Имено, од Република Србија бројот на туристи кои преноќиле во Македонија во 2013 година бил 38.127 а во 2015 година се зголемил на 43.613. Од Црна Гора бројот на туристи во 2013 година бил 3.498 а во 2015 година изнесува 4.762 туристи. Истото се однесува и на Албанија и Босна и Херцеговина од каде што бројот на туристи кои преноќиле во Македонија за 2015 година изнесува 5.686 за Босна и Херцеговина и 18.493 туристи од Албанија.

Врз основа на наведеното, соработката на Македонија со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија во секторот туризам е на високо ниво и во таа насока зајакнување на истата преку заеднички настапи на трети пазари со заедничка понуда е од исклучително значење за унапредување на регионалниот туризам кој несомнено позитивно ќе влијае и придонесе и кон промоција на туристичкото стопанство на секоја држава посебно.

Дополнително, за квалитетна туристичка понуда е потребно соодветна информација за потенцијалните туристи. Со ова, од страна на Туристичко-Угостителска комора на Македонија при ССК сакаме да ја пренесеме информацијата до нашите членови дека Комисијата за категоризација на угостителски објекти е формирана и истата започна со вршење увид. Апелираме компаниите навремено да поднесат Барање за категоризација до Комисијата, односно до Министерство за економија, со цел распределување на барањата за периодот кој следи до крајот на 2016 година и континуирано вршење увид во угостителските објекти. Сите дополнителни информации за постапката, односно, Барањето, Правилникот за категоризација и измената и дополнувањето на Законот за угостителската дејност бр. 39/16 ќе бидат доставени до сите наши компании членови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП