ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските туристи не може да одат во Турција

Руските туристи не може да одат во Турција

rus-tur

Државјаните на Русија нема да можат да летаат во Турција со ниту една авиокомпанија сѐ додека не се разреши ситуацијата во врска со обидот за државен удар, изјави заменикот претседател на Асоцијацијата на туристички организации на Русија, Дмитриј Горин.

Според Горин, во Турција можат да летаат сите други граѓани, но дека на граѓаните на Русија тоа им е забрането.

Дури ни турските авиокомпании нема да имаат право да возат руски граѓани.

Во прашање е привремена мерка, а руските туристи што се наоѓаат во Турција, немаат обврска да го прекинат летувањето и да се вратат во Русија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП