8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Германија ќе се опорави од слабото второ тримесечје

Бундесбанк: Германија ќе се опорави од слабото второ тримесечје

svabo 3353

„Германската економија ќе закрепне во следните месеци по слабото второ тримесечје, а влијанието на британската одлука за напуштање на Европската унија ќе биде ограничено во блиска иднина“, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на месечниот извештај на германската централна банка – „Бундесбанк“.

Најголемата економија во еврозоната се соочуваше со пад во индустриското производство, слаби нарачки и пад на извозот, кои предизвикаа сомневања дека Германија може да се покаже во стапицата на посериозно глобално забавување.

Но „Бундесбанк“ ги отфрли овие проблеми, нагласувајќи дека еднократните фактори доведоа до слабите резултати, а во исто време увери дека економијата продолжува да стои на цврста основа.

Во извештајот, Централната банка наведува дека очекува производството да се зголеми во текот на летната сезона. Според банката подвижните фактори на внатрешниот пазар остануваат непроменети, меѓу кои е и стабилниот пазар на трудот, зголемување на реалните плати и проширување на фискалната политика.

Во јунскиот извештај Централната банка прогнозира годишен раст од 1,7 отсто во 2016-та година – колку и минатата година и го дели мислењето на Европската централна банка (ЕЦБ), дека без преседан програмата за стимулации го оживува економскиот раст и инфлацијата.

Прогнозата се совпаѓа и со очекувањата на владата во Берлин.

Според „Бундесбанк“ мерките на „ЕЦБ“ од декември ќе додадат меѓу 0,1 и 1 процентен поен кон годишната инфлација меѓу 2016-та и 2018-та година. Придонесот на мерките од март се очекува да биде помал.

Од банката посочуваат дека проценка на влијанието од британскиот референдум е многу тешко да се направи сега, но додаваат дека засега влијанието на краток рок е ограничено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП